Во Албанија пет жртви од грип, четири од свински

Од:

Албанскиот Институт за јавно здравје потврди дека од грип починала и петтата жртва, при што четворица од пациентите биле заразени со вирусот А, Х1Н1, односно свински грип.

Според доктор Силвана Бино, раководител на секорот за заразни болести, четвртата жртва од свински грип е 75-годишна жена која починала синоќа во универзитетската клиника „Шефќет Ндроќи“. Жената боледувала и од пневмонија.

Првата жртва, како последица од компликации од вирусот, беше регистрирана на 1 февруари.

Во клиниката синоќа починал и 37-годишен маж, жител на Елбасан, кој пред две недели бил хоспитализиран со пневмонија. Анализата кај него не потврдила присуство на опасниот вирус А, Х1Н1.

Докторката повторо упати апел до граѓаните, посебно хронично болните и повозрасните лица да се вакцинираат против грип. Таа нагласи дека располагаат со 100.000 дози, од кои 50.000 се донација од американска агенција.

Би можело да ве интересира

Во Индија од свински грип починаа 105 луѓе