Вили Берош излезе од притвор: Останатите осомничени остануваат во истражен притвор

Од:

Поранешниот хрватски министер за здравство Вили Берош од излезе од притвор.

Веднаш штом ги испраша сите седум сведоци кои се поврзани со него, УСКОК испрати барање до Жупанискиот суд во Загреб да му се укине притворот на Берош.

Последните двајца сведоци беа сослушани во понеделникот, а откако судот ќе одлучи по барањето на УСКОК и за тоа ќе го извести затворот во Реметинац, Берош треба да биде пуштен во понеделник попладне за да се брани од слобода во продолжението на истрагата, пишува Вечерњи лист.

Што се однесува до останатите осомничени, тие остануваат во истражен притвор до понатамошно известување, бидејќи во врска со нив предложи да се сослушаат повеќе сведоци, а на дел од нив им е одредена мерка притвор по други основи.

“Тоа не беше пријатно, туку можност за ментална хигиена. Им благодарам на институциите што си ја завршија работата и мислам дека ќе успеам да ја докажам мојата невиност. Петрач не сум го видел ниту слушнал. Ова беше шок за мене”, изјави Берош пред насобраните новинари.

„Не му се лутам на никого, им благодарам на институциите што си ја завршија работата. Тоа е мојата порака“, изјави Берош.

Новинарите го прашаа и за пораките во кои Хрвоје Петрач, неговите синови и претприемачот Саша Поздер го нарекуваат „Мали“.

– Никој не ме нарекува Мали им рече Берош на новинарите.

Би можело да ве интересира

На хрватската полиција и се предаде Никола Петрач, обвинет во аферата „Берош“

Пленковиќ: Никој не добил мандат да работи на црно, ќе има последици

Горан Наумовски

Притворот за Берош е предложен поради можно влијание врз сведоци, адвокатот поднесува жалба

Горан Наумовски

Берош и Поздер завршија во притвор

Хрватскиот екс министер за здравство со лисици заврши пред истражен судија

Горан Наумовски

Поранешниот хрватски министер за здравство Берош ноќта ја мина зад решетки по сослушувањето