Виктор Понта останува без докторска титула, неговиот труд е плагијат

Од:

 Поранешниот романски премиер Виктор Понта ќе остане без докторската титула бидејќи Националниот совет за потврдување титули, дипломи и универзитетски сертификати денеска го поддржа претходниот заклучок на академскиот одбор дека неговиот труд е плагијат.

Членовите на Националниот совет со 37 „за“ и 10 „против“ гласаа за одземање на титулата, а министерот за образование потоа и официјално на Понта ќе му ја одземе титулата.

Научното списание „Нејчр“ во  2012 година објави дека повеќе од половината од докторатот е плагијат од работата на двајца романски професори по право.

Неговата дисертација има 432 страници, а напишана е во 2004 година на тема „Меѓународен кривичен суд“.

Понта го негираше плагијатот, но призна дека не секогаш ги наведувал цитираните извори во фусноти.

Во ноември минатата година, по масовните протести заради пожарот во ноќен клуб, во кој 64 лица погинаа, Понта поднесе оставка.

Американските медиуми наведуваат дека романските политичари често пати се обвинувани дека ги лажирале своите докторски дисертации.

Би можело да ве интересира

Запленет имот на Виктор Понта во вредност од 220.000 евра

Емир Латифовиќ

Истрага за Понта поради плаќање за посета на Тони Блер

Емир Латифовиќ