(ВИДЕО) Вонредна состојба во Грција: Беснее огромен пожар, наредена е итна евакуација

Од:

Грчките власти евакуираа две населени места на островот Евија откако избувна голем шумски пожар, соопштија властите.

88 пожарникари и волонтери се борат со пожарот, поддржани од осум противпожарни авиони и шест хеликоптери, соопшти грчката противпожарна служба, пренесува Ројтерс.

Силните северни ветрови го отежнуваат гаснењето на пожарот и придонесуваат за ширење на нови жаришта, што доведува до евакуација на жителите од погодените подрачја, се вели во соопштението.

Грција, како и другите медитерански земји, е во зона на чести летни пожари, што научниците го поврзуваат со сè поизразените ефекти од климатските промени и долгите сушни периоди.

Би можело да ве интересира

Голем пожар во Грција: 42 пожарникари, две пешадиски екипи, пет авиони и десет противпожарни возила се на терен

(ВИДЕО) Голем пожар во фабрика во Грција, има исчезнати работници

Горан Наумовски