ВИДЕО: Пожарот стигна до Атина, наредена евакуација од две населби

Од:

Повеќе од 70 пожарникари и 13 канадери се обидуваат да го локализираат големиот пожар во предградието на Атина, принудувајќи ги властите денеска да издадат наредби за евакуација на две околни населби.

Телевизиските снимки покажаа дека пожарот минува низ ниски грмушки и маслинови дрвја во ретко населената област во близина на Вари, околу 30 километри јужно од центарот на Атина.

Портпаролот на противпожарната служба Василис Ватракојани изјави дека пожарот брзо се проширил поради силниот ветер.

Претходно денеска изгореа неколку куќи во пожарот што избувна на истокот на Атика во местото Коропи. Пожарот прво избувна на паркингот за чамци во Коропи, а потоа се проширил, пренесува Катимерини.

Десетици шумски пожари ја погодија Грција во последните денови, но беа изгаснати пред да предизвикаат поголема штета. Неколку лица се уапсени и обвинети за случајно подметнување на пожарот.

Шумските пожари се вообичаени во Грција и предизвикаа многу смртни случаи во последните години.

Пожарникарите и авионите вчера продолжија да се борат со уште еден голем пожар во јужниот регион на Пелопонез, а властите наредија евакуација на едно село.

Би можело да ве интересира

Грција: Властите ќе ги обештетат домаќинствата погодени од пожар во близина на Атина

Многу висок ризик од пожар во делови од Грција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Драма во Атина, 17 авиони континуирано го гаснат пожарот, итно евакуирани 10 населени места

Горан Наумовски

Битката со пожарите продолжува во Грција на четири фронта, најтешко е на Родос

Горан Наумовски

Четири години од катастрофалните пожари во Грција со 102 жртви за само неколку часа

Горан Наумовски