ВИДЕО: Не стивнува студентскиот бунт во Србија: Маршеви од Белград и Ниш до Крагуевац за заеднички пртоест в сабота

Од:

Студентите кои имаат намера да пешачат од Белград до Крагуевац, каде в сабота ќе се одржи протест, утрово тргнаа пред Фармацевтскиот факултет на „Шумадискиот марш“. Тие носат торби, ранци, вреќи за спиење, друга опрема… Го донесоа и српското знаме, како и транспаренти.

Придружувани се и од нивните колеги од Нови Сад, кои им се придружија синоќа, а планот е Уставот на Србија, како штафета, да им го предадат на колегите од Универзитетот во Крагуевац.

Нишките студенти утринава во седум часот тргнаа пеш кон Крагуевац каде ќе присуствуваат на протестот „Да се ​​сретнеме на Сретење“.

Денеска пешки се движат кон Алексинац, утре ќе одат во Чиќевац, во четврток во Јагодина, а во петок е закажана финалната етапа до Крагуевац.

– Ги повикуваме сите граѓани од овие места да не поддржат! Вашите насмевки, поддршка и зборови на охрабрување ќе им дадат сила на нашите студенти да продолжат уште посилно – за вас, за нас, за цела Србија – порачаа учениците од Ниш на нивната страница на Инстаграм.

Во алексинац веќе е огранизиран пречек за нишките студенти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вучиќ се закани со откази и смени: Оди лечи се, му порачаа во Лесковац

Катерина Ѓуровски

Студентите во блокада од Ниш ќе собираат пари за семејствата на повредените во пожарот во Кочани

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Српските студенти одржаа 74 минути молк, 59 за жртвите од Кочани и 15 за загинатите во Нови Сад

ВИДЕО: Студентите кои пешачат од цела Србија се приближуваат до Белград

(ВИДЕО) „Во блокада“ – документарен филм за студентите кои ја затресоа Србија

Катерина Ѓуровски

Студентите ја блокираат и телевизија Војводина, наместо информативна програма се емитува филм