(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

Од:

Илјадници граѓани на сите возрасти, масовно протестираа во центарот на Атина поради железничката несреќа кај Темпи во февруари 2023 година, барајќи правда за 57-те жртви, откако во јавноста излегоа нови информации од истрагата на техничкиот советник, ангажиран од семејствата на загинатите, а по завршувањето имаше и инциденти.

Плоштадот Синтагма пред грчкиот Парламент беше премал да ги собере сите оние кои дојдоа на собирот организиран од Здружението на роднините на жртвите „Темпи 2023“ под слоганот „Немам кислород“, а претпладнево сите патишта водеа кон плоштадот во центарот на Атина.

Метрото беше преполно со граѓани кои се упатуваа на протестот, а според процентите на полицијата, на протестот во Атина учествуваа над 30.000 граѓани.

Протести се одржаа речиси во сите градови во Грција, а по завршување на официјалниот дел како во Солун, така и во Атина имаше инциденти, откако помали групи ја нападнаа полицијата, која одговори со шок бомби и солзавец.

Во Атина, инцидентите се префрлија во околните улици во поширокиот дел на центарот на градот, а од шок бомба повреден е фоторепортер.

И покрај инцидентите, дел од демонстрантите останаа пред грчкиот Парламент.

Претходно, на протестот говореа роднините на жртвите во несреќата, меѓу кои и претседателката на здружението „Темпи 2023“, Мариа Каристиану која ја загуби 20-годишната ќерка во несреќата, а во обраќењето истакна дека дел од загинатите „три минути се измачуваа, знаеја дека ќе умрат и чекаа да умрат“.

За време на протестот илјадниците граѓани на неколку пати скандираа „Убијци“, побараа целосно расчистување на случајот.

Во железничката несреќа животот го загубија 57 лица.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он