Денеска се случи инцидент во близина на Правниот факултет во Белград кога возачот на автомобил „oпел“ се врати наназад и удри во постар маж кој ја блокираше раскрсницата. Министерството за внатрешни работи го објави инцидентот, наведувајќи дека сторителот е уапсен.
– Денес, околу 12 часот, на раскрсницата на булеварот Крал Александар, пред Правниот факултет, за време на нерегистриран јавен собир, автомобил „опел астра“ управуван од М. С. (1985), по вербална расправија со учесниците на собирот, ја проби блокадата со враќање наназад и удри во маж (1936) на пешачки премин, нанесувајќи му, повреди. Осомничениот набрзо е уапсен, а по наредба на обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Белград, му е одредена мерка притвор до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело обид за тешко убиство. Повредениот маж е пренесен во Ургентниот центар – се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.
