ВИДЕО: Големо невреме во Хрватска, дрво падна на 15 годишно девојче

Од:

Големо невреме пристигна од Словенија кон северот на Хрватска, каде врнежите се пропратени со силен ветер. Силен град имало и кај Вараждин.

Во Загреб дуваше силен ветер и врнеше. Соборени се неколку дрвја, а ветрот ги однел и покривите од неколку згради. При паѓање на дрво во Загреб повредено е 15 годишно девојче кое било пренесено во КБЦ Загреб.

ДХМЗ и Дирекцијата за цивилна заштита денеска предупредија на грмотевици кои се очекуваат попладне во Загреб и Осиек, поради што е активиран црвениот аларм на Метеоаларм.

Вараждинскиот жупан Анѓелко Стричек објави фотографии направени по падежите од град во општина Петријанец. Големи штети има на земјоделските култури.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Невреме во Далмација со силен град, возила околу Сплит во порои од вода

А1он

ВИДЕО: Црвен аларм во Далмација, најава за урагански ветер

А1он

ВИДЕО: Силно невреме во Хрватска – поплавени патишта, сообраќајот блокиран

А1он