Варуфакис: Одлуката на еврогрупата го нарушува нејзиниот кредибилитет

Од:

Одбивањето на министрите за финансии од еврозоната да ја продолжат програмата за помош на Грција после 30 јуни додека земјата спроведе рефрендум, предизвикува штета на кредибилитетот на Еврогрупата како институција, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис.

– Денешното одбивање на Еврогрупата да го прифати нашиот предлог за продолжување на сегашниот договор за неколку дена, неколку седмици, до после изјаснувањето на грчкиот народ кој ќе пресуди за предлогот на институциите, секако му штети на кредибилитетот на еврогрупата како демократска унија на земји членки-партнери и многу се плашам дека оваа штета ќе биде трајна, изјави синоќа Варуфакис на прес-конференција во Брисел.

Тој исто така го критикуваше шефот на еврогрупата Јерун Дeјселблум што не ја покани Грција на втората рунда разговори.

– Одлуката да не бидеме поканети на втората рунда од состанокот на еврогрупата не е одлука на Европа или на нашите партнери. Тоа е лична одлука на Јерун Дејселблум, рече Варуфакис.

Тој рече дека им објаснил на 18-те министри за финансии оти грчката Влада ќе распише референдум затоа што нема мандат да прифати или одбие предлог со такви мерки.

– Затоа што Владата има поддршка од малку повеќе од 40 проценсти, а за таква одлука треба поддршка од минимум 50 проценти од гласачите плус еден, појасни грчкиот министер за финансии.

Би можело да ве интересира

Случајот Музалас се уште актуелен во Грција

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Венизелос: Мој впечаток е дека власта е подготвена за дијалог за името

Емир Латифовиќ