Тајно е погребан убиецот од Градачац

Од:

Убиецот од Градачац, Нермин Сулејмановиќ е погребан во четвртокот наутро во целосна тајност.

Погребан е кај Грачаница, која се наоѓа на околу 40 километри од Градачац.

Денеска е наредено вештачење на мобилниот телефон на убиецот кој може да открие со кои судии и полицајци разговарал, кој бил „кртот“ и кој ја открил адресата на неговата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, која ја уби, а убиството го пренесуваше во живо на својот Инстаграм профил.

Нермин Сулејмановиќ, кој изврши тројно убиство, почнувајќи од невенчаната сопруга Низама Хеќимовиќ, веќе бил пријавен во полиција за семејно насилство. Ја уби Низама пред викендицата во Шибовац, недалеку од Градачац, додека нивната ќерка лежеше во локва крв и плачеше.

Откако ја претепа и ја уби Низама, Нермин уби уште две лица, татко и син (23), турски државјани, Џенгиз и Денис Ондер. Во крвавиот пир ранета е и мајката, поточно сопругата на убиениот, која е во критична состојба на Клиниката за анестезиологија и реанимација во Тузла, а тешко рани и полицаец.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во Градачац повторно се протестираше поради насилната смрт на Низама Хеќимовиќ

Горан Наумовски

Полицајката од Градачац бара заштита, тврди дека не била во врска со убиецот Нермин

Тетката на убиената Низама сведочи: Ја удри, ја влечеше за коса, таа молеше за помош

Припадничката на босанската полиција на убиецот од Градачац му кажа каде се крие Низама

„Беше нормален како дете“ вели таткото на убиецот од Градачац: Мозокот сигурно му „изгоре“

Горан Наумовски

Судот одбил да му забрани пристап на Сулејмановиќ до сопругата, четири дена подоцна ја уби