Жена (66) од Србија се удави во морето во туристичкото место Нидри во југоисточна Лефкада.
Откако била извлечена од водата, со возило на брза помош била однесена во болница во Лефкада. И покрај напорите на медицинскиот персонал, нејзиниот живот не можел да се спаси, објавува sinidisi.gr.
Засега, понатамошни детали за идентитетот на жената, како и околностите што довеле до оваа трагична смрт, не се објавени. Локалната полиција и надлежните служби спроведуваат истрага за да утврдат што точно довело до оваа несреќа.
Ведран Б. (46) од Бешка се удави на 27 јули на популарната грчка плажа Егремни, исто така на Лефкада.