Србија официјално реагираше на пречекот на ракометарите со Томпсон

Од:

Министерството за надворешни работи на Србија изрази сериозна загриженост поради новите и сè почести прикажувања на симболи и пораки поврзани со идеологијата од периодот на Втората светска војна што предизвикаа масовно страдање на српското, ромското и еврејското население, како и антисрпските графити што неодамна беа забележани во Република Хрватска, вклучително и во градот Загреб.

„Јавните настани и собири не треба да станат платформа за прикажување пораки на омраза, историски ревизионизам и нетолеранција, туку можност за промовирање на меѓусебно почитување и толеранција“, се наведува на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Србија.

Министерството за надворешни работи на Србија објави дека верува дека трајната стабилност и меѓусебната доверба во регионот можат да се градат исклучиво преку отворен и одговорен дијалог, меѓусебно почитување и внимателен став кон сложените страници од нашата заедничка историја, и дека Република Хрватска, како земја-членка на Европската Унија, треба да игра значајна улога во промовирањето на овие принципи и да придонесе за атмосфера на разбирање, толеранција и подобрување на добрососедските односи.

Изјавата на српскиот МВП следеше по вчерашниот прием за бронзениот хрватски ракометен тим во центарот на Загреб, на кој пееше контроверзниот пејач Марко Перковиќ Томпсон.

Градската управа на Загреб го отфрли настапот на Томпсон поради неговата претходна употреба на усташкиот поздрав „За дом спремни“, но хрватската влада ја презеде организацијата на настанот, што предизвика бројни реакции и обвинувања за кршење на Уставот на Република Хрватска.

Би можело да ве интересира

Ракометарите заедно со Томпсон на бината во Загреб – Пленковиќ се правда, Милановиќ напаѓа

А1он

Уставен експерт за пречекот на ракометарите: Ова е трагедија и катастрофа – човечка, политичка и правна!

А1он

Томашевиќ: Ова е државен напад на Загреб

Горан Наумовски

СДП: Пленковиќ не е нормален

Владата на Хрватска ја презема организацијата за приемот на ракометарите, доаѓа и Томпсон

Горан Наумовски

Забрана за хрватските ракометари на плоштадот во Загреб, пречекани со усташкиот поздрав „За дом спремни“

Горан Наумовски