Сопственикот на „Фристајлер“, 51-годишниот грчки државјанин беше сослушан денеска во основното јавно обвинителство за случувањата на сплавот за време на новогодишната ноќ.
Според информациите, тој ја дал изјава пред обвинителот и рекол дека не е виновен за делото кое му се припишува според обвинението.
Обвинителството му предложи на судот да му биде одреден притвор до 30 дена.