Силен земјотрес во Романија – земјата се затресе со јачина од 4,1 степени по Рихтер

Од:

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е почувствуван денеска во областа Бузау во централна Романија, соопшти романскиот национален институт за геологија.

Земјотресот е забележан во 16:57 часот по локално време, со епицентар на 64 километри северозападно од градот Бузау и четири километри северозападно од градот Нереј.

Во соопштението на романскиот национален институт за геологија се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 132 километри.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Романија