Сијарто: На состанокот меѓу Трамп и Зеленски беше јасно кој е за мир, а кој за војна

Од:

На состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, беше јасно кој е за мир, а кој сака војната да продолжи, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.

„Вчера на сите им стана појасно од кога било кој сака мир, а кој војна. Кој сака да прекине убивањето, а кој сака да продолжи. Кој е тој што стои на тлото на здравиот разум, а кои се тие кои не жалат ниту за човечки животи, ниту за милијарди евра, само за да продолжи војната“, објави Сијарто на мрежата X.

Тој рече дека „залагањето за мир“ на Трамп бил најважниот момент во последните три години од војната во Украина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Протече снимка од телефонски разговор меѓу Лавров и Сијарто

Катерина Ѓуровски

Сијарто: Прислушувањето на мојот телефон е скандалозно мешање во изборите

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да се приклучи на Европската Унија

Петер Сијарто: Ќе ги заштитиме нашите деца од родовата идеологија

Средба Муцунски-Сијарто на министерскиот состанок на ОБСЕ во Виена

Сијарто: Нема да ја оставиме Србија без енергетски ресурси