Се зголемува бројот на починати во Загреб кои беа заразени со легионела

Од:

Тројца пациенти заразени со легионела во Хрватска починаа, јавуваат хрватските медиуми.

Како што дознава Danas.hr, во болницата биле заразени вкупно шест лица. Порталот наведува дека сите заразени имаат тешки коморбидитети и се имунокомпромитирани.

Претходно беше објавено дека пет пациенти хоспитализирани во болницата Ребро КБЦ Загреб се заразени со легионела, што го потврди и Миливој Новак, помошник директор за квалитет.

Според „Јутарњи лист“, по откривањето на заразените пациенти е покрената истрага за изворот на заразата, бидејќи е познато дека многу често инфекцијата може да се прошири или од клима уреди или од вода.

– Веднаш го алармиравме Хрватскиот завод за јавно здравје, кој ги направи сите анализи и бактеријата беше изолирана во водоводот. Во моментов во тек е пастеризацијата, односно се пушта топла вода од сите чешми во болницата – рече тој.

Засега не е познато како бактеријата завршила во водениот систем, но познато е дека се размножува во топла вода, па луѓето најчесто се заразуваат со вдишување на заразени капки вода.

„Тоа се пациенти кои се сериозно болни од основната болест, па легионелата драстично ја влоши нивната состојба“, објаснуваат од КБЦ.

Би можело да ве интересира

Загреб: Починаа двајца пациенти кои беа заразени со Легионерска болест

Горан Наумовски

Загреб: Пет пациенти со Легионерска болест, двајца во тешка состојба

Горан Наумовски