Руте: Земете ги работите во свои раце, нема да ви треба висок претставник

Од:

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска во Сараево изјави дека сите страни во Босна и Херцеговина мора да го почитуваат Дејтонскиот договор и дека неговата измена е прашање на дијалог меѓу трите конститутивни народи.

„Преземете ги работите во свои раце и не се жалете на високиот претставник, бидејќи ако почнете сами да донесувате одлуки, тој (високиот претставник) нема да ви треба“, рече Руте.

Во разговор со студентите на Универзитетот во Сараево, Руте истакна дека „НАТО не е во БиХ за да се фокусира на (претседателот на Република Српска Милорад) Додик и на Република Српска“, туку е тука, рече тој, „да ви помогне да ја зачувате оваа земја безбедна“.

Тој рече дека НАТО знае што се случува со Додик и Република Српска и дека се на мислење дека сите треба да ги следат законските процедури и пресуди.

„Институциите и раководството на политичарите, луѓето кои се во тие институции, треба да спречат ова да прерасне во нешто повеќе од политичко прашање. Тоа треба да остане политичко прашање“, рече Руте.

Ако работите тргнат наопаку, вели Руте, тоа треба да го решат институциите на БиХ.

Одлуката за членство во НАТО е суверена одлука на секоја земја, потсети Рута и посочи дека знае оти во БиХ има различни мислења кога станува збор за влез во таа алијанса.

Затоа, посочи тој, дијалогот на конститутивните народи во Босна и Херцеговина е неопходност за преговори.

„Понекогаш може да донесете лоши одлуки, но најлошо е да не носите никакви одлуки“, рече Руте.

Би можело да ве интересира

Марк Руте: Мораме да им обезбедиме на Украинците сè за да ја продолжат борбата

А1он

Марк Руте: Внимателно ја следиме ситуацијата на Западен Балкан

Руте: Русија покажува дека нема сериозни намери да постигне мир

Руте: Договорот со Трамп значи зајакнување на безбедноста на НАТО на Арктикот

ВИДЕО: Што би добил Трамп од „рамковниот договор“ за Гренланд

Катерина Ѓуровски

Руте: Нема јавно да ги коментирам за тензиите меѓу САД и Европа