Родителите го заборавиле своето дете на сред автопат, сфатиле дури по 200 километри

Од:

Сè започнало кога вработен во бензинската пумпа им пришол на полицајците од Сплитско-далматинската полиција и им кажал дека на телефон има лице кое кажало дека нивното дете е изгубено.

Гужвата, брзањето и стресот може да доведат до секакви незгоди, а една таква се случи во четвртокот на автопатот А1 кај постојката за одмор Рашќане.

Се започнало кога вработен во бензинската пумпа им пришол на полицајците на Сплитско-Далматинската полиција и им кажал дека на телефон има лице кое кажало дека нивното дете е изгубено.

Мајката, странска државјанка, со исплашен глас објаснила дека се движеле во група од неколку возила, дека моментално биле во Задар и дека дури тогаш забележале дека нивното 11-годишно дете го нема од автомобилот.

Имено, девојчето останало на постојката за одмор Рашќане каде последен пат застанале, но бидејќи се движеле со неколку возила, мислеле дека детето влегло во друго возило и дури подоцна сфатиле дека всушност заминале без неа.

„Полицајците телефонски ја интервјуирале мајката, побарале фотографија од девојчето, го прегледале видео надзорот и ги пребарале сите простории на бензинската пумпа, а надвор пронашле девојче кое одговарало на описот. Полицајците му пришле на девојчето, се претставиле и ѝ понудиле да и помогнат, но утврдиле дека не зборува англиски. Во разговорот се вклучила и странска државјанка која им помогнала на полицајците да комуницираат со детето“, соопштија од полицијата и додадоа дека девојчето е „неповредено, но исплашено“.

„Таа рече дека нејзиниот мобилен телефон е оставен во возилото, и дека не може да се јави никому и дека била толку исплашена и плачела што излегла надвор од одморалиштето каде што ја нашле полицајците“, додаваат од полицијата.

Полицајците го смириле девојчето и и рекле дека се во контакт со семејството кое се враќало да ја земе и дека ќе ги чека заедно со неа.

Исплашените родители пристигнале неколку часа подоцна, а девојчето во тоа време било во полиција. Тие им се заблагодариле на полициските службеници за напорите и помошта, како и за грижата што ја покажале за детето.

Би можело да ве интересира

Хрватска: Мал авион ја промаши пистата на Хвар и удри во луѓе