Рестораните во Бугарија ќе бидат отворени на 1 март

Од:

Од 1 март ќе ги отвориме рестораните, а од утре ќе им дозволиме на учениците од сите паралелки во малите населени места да учат со физичко присуство, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Во исто време, главниот државен здравствен инспектор Ангел Кунчев, за Бугарското национално радио коментира дека врвот на новиот бран на коронавирус во Бугарија може да се совпадне со 4 април кога ќе се одржат парламентарните избори.

– Доколку не се почитуваат мерките, воведувањето на нови нема никаква вредност. Иако трендот не е добар, ние одржувавме добри позиции во споредба со другите земји … Врвот на новиот бран ќе се достигне пред изборите. Сè зависи од ширењето на новите мутации на вирусот. Во последниве денови, имаме 68 позитивни на британската мутација од 96 земени примероци, рече Кунчев.

Би можело да ве интересира

Бугарија од понеделник ги враќа заштитните маски против Ковид-19

Рекордни 12.399 новозаразени и 73 смртни случаи за изминатите 24 часа во Бугарија

Бугарскиот премиер е во изолација

Постои опасност Бугарија да стане Ковид-гето предупредува бугарски виролог

Зелените сертификати ги натераа Бугарите на вакцинација

Доколку мерките против Ковид-19 не функционираат, за 10-15 дена ќе има локдаун во Бугарија