Речиси 1.500 земјотреси во Санторини за пет дена

Од:

На грчкиот остров Санторини во јужниот дел на Егејското Море, од 1 февруари се регистрирани околу 1.440 земјотреси, покажуваат податоците на Геодинамичкиот институт на Грција.

Околу 440 земјотреси биле над три степени според Рихтеровата скала, а 73 биле над четири, се додава.

Денеска на островот се регистрирани 45 земјотреси, од кои два со јачина од четири степени според Рихтеровата скала и десет со јачина од три степени.

Во меѓувреме, во Атина се одржа итен состанок на премиерот Киријакос Мицотакис, на кој присуствуваа и министерот за цивилна заштита Василис Кикилијас и експерти.

Говорејќи на состанокот, Ефтимиос Лекас, водечки геолог и раководител на Агенцијата за планирање и заштита од земјотреси во земјата (OSAP), предупреди на висок ризик од лизгање на земјиштето во Санторини поради земјотресот.

Исто така, Костас Папазахос, истакнат експерт за геофизика и сеизмологија, рече: „Се чини дека ситуацијата се подобрува кога станува збор за сеизмичката активност“.

Тој апелираше до жителите на островот да останат смирени.

Би можело да ве интересира

Санторини стравува од колапс на туристичката сезона

А1он

За само три недели дури 21.500 земјотреси, вонредната состојба во Санторини е во тек

А1он

Земјотреси од 4,9 и 5 степени регистрирани во близина на Санторини

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Нови два земјотреси меѓу Аморгос и Санторини

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нов земјотрес на Санторини, најсилен досега

Катерина Ѓуровски

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер регистриран во близина на Санторини, Мицотакис повика на смиреност