Протест во Атина на синдикатите на вработените во државните болници

Од:

Со слогани и говори против новиот предлог-закон на Министерството за здравство за второстепена здравствена заштита, синдикатите и федерациите на лекарите и вработените во државните болници во Грција одржаа мирен протест пред грчкиот Парламент, паралелно со расправата на седницата и во пресрет на гласањето на пратениците, јави дописничката на МИА од Атина.

Од синдикатите и федерациите сметаат дека со новиот закон за „второстепена здравствена заштита, медицинско образование, регулативи  за платите на лекарите и стоматолозите од националниот здравствен систем“ дополнително се приватизира здравствениот систем, на лекарите им се дава можност да работат и во приватните болници, со што, според нив, лекувањето ќе стане поскапо за граѓаните.

Учесниците во протестот со кои поразговара дописничката на МИА. велат дека новиот закон „го деградира националниот здравствен систем и им служи на интересите на приватните клиники“, бараат законот да биде повлечен и да не се изгласа и потенцираат дека здравството треба да биде бесплатно за сите.

Од Министерството за здравство пак, при доставувањето на предлог-законот во Парламентот соопштија дека предвидува зголемување на платите на лекарите, подобрување на медицинската обука, зголемување на додатокот за лекарите на Одделенијата за интензивна нега, додаток за лекарите во Ургентните одделенија,зајакнување на здравствениот систем со дополнителен персонал; можност лекарите, под одредени услови, да работат и во приватни клиники итн.

На денешниот протест пред грчкиот Парламент, освен синдикатите, учествуваа и претставници на опозициските партии СИРИЗА, МЕРА25 и Комунистичката партија.

За предлог-законот од рано утрово во тек е расправата во Парламентот и се очекува в текот на денов гласањето на пратениците.

Би можело да ве интересира

Протест на пезионерите во Атина: Сакаме достоинствен живот, веќе не можеме да одиме во супермаркет да пазаруваме

А1он

Молотов и солзавец пред грчкиот Парламент на протестот во Атина

А1он

Инциденти на протест во Атина: Маскирани лица ја нападнаа полицијата со молотови коктели

А1он