Молотов и солзавец пред грчкиот Парламент на протестот во Атина

Од:

Инциденти се случија на протестот во центарот на Атина кога група маскирани лица ја нападнаа полицијата со молотови коктели пред грчкиот Парламент, а специјалните полициски сили одговорија со солзавец и шок бомби, јави дописничката на МИА од Атина.

Инцидентите иако интензивни, трае кратко, по што продолжи протестниот марш низ улиците во Атина.

Протестот во грчката метропола во рамките на генералниот 24-часовен штрајк организиран од синдикатите беше еден од помасовните во изминатиот период со учество на илјадници граѓани кои го кренаа својот глас за зголемување на платите, за колективни договори и хумани услови за работа, но и „да се стави крај на политиката која ги прави богатите побогати, а сиромашните посиромашни“.

Демонстрантите со кои поразговара дописничката на МИА од Атина, велат дека ја имаат најлошата Влада, која треба веднаш да си замине и дека не можат со месечните приходи да ги издржат поскапувањата на цените.

Двата најголеми грчки синдикати на вработените во приватниот (ГСЕЕ) и државниот сектор (АДЕДИ), во шест часот утрово почнаа 24-часовен генерален штрајк, што ја парализира земјата, а паралелно одржаа и протест.

Заедно со синдикатите учествуваа и опозициските партии СИРИЗА, ПАСОК-Движење на промена и МЕРА25, како и нивните лидери.

Засебен протест одржа синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија на Грција.

Штрајкот што почна во шест часот утрово создаде проблеми во бродскиот, авионскиот и железничкиот сообраќај, како и во јавниот превоз во Солун и Атина, а во грчката метропола, денеска нема да сообраќаат ни такси возилата.

Бродовите 24-часа се закотвени на пристаништата, има промени како во железничкиот, така и во авионскиот сообраќај, а во Атина иако беше најавено дека метрото и автобусите неколку часа ќе прекинат со работа, доцна синоќа нивниот штрајк беше прогласен за незаконски и одговорија со 24-часовен штрајк.

Грција денеска е и без вести и информативни емисии, поради учеството на новинарите во штрајкот, а нема да функционираат ни јавните служби и државните институции, но затворени ќе бидат и некои од продавниците.

Протести се одржаа и во други грчки градови.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Протест на пезионерите во Атина: Сакаме достоинствен живот, веќе не можеме да одиме во супермаркет да пазаруваме

А1он

Протест во Атина на синдикатите на вработените во државните болници

А1он

Инциденти на протест во Атина: Маскирани лица ја нападнаа полицијата со молотови коктели

А1он