Протест против ископ на литиум во Белград

Од:

Протестот поради најавата за отворање на рудникот за литиум и рударската компанија „Рио Тинто“ е закажан за денеска, во 19 часот на Теразије во Белград, во организација на еколошките здруженија од Србија.

Тие здруженија протестот го организираат на денот на истекот на рокот од 40 дена што и го одредиле на српската влада да донесе закон за трајна забрана за геолошки истражувања и експлоатација на литиум и бор во Србија.

Организаторите најавија дека на протестот ќе говорат претседателот на здружението „Не го даваме Јадар“ Златко Кокановиќ, Љиљана Браловиќ од Здружението на еколошки организации на Србија (СЕОС), научниот советник на белградскиот Институт за хемија Драгана Ѓорѓевиќ и актерката Светлана Бојковиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снимка од студентската блокада во Белград

Вработените во Матица Српска ги поддржаа студентите

Притвор за девојката која прегази студентка на петочниот протест во Белград

А1он

(ВИДЕО) Тензична ситуација на протестот во Белград

Горан Наумовски

Активистите добија казни, денеска нов протест во Белград

Горан Наумовски

Дачиќ: На протестите во Белград уапсени се 14 лица, меѓу нив има и странци