Страшен случај се случи во областа на Вараждин, во Хрватска. Тамошните медиуми јавуваат дека голем број припадници на полицијата и други служби ископуваат на подрачјето на општината во потрага по тело на новороденче, каде веќе е пронајдено едно тело на новороденче.
Со потврда се јави и градоначалникот на таа општина.
– Ексхумацијата е во тек врз основа на полициската истрага. Едното тело го пронашле, а другото го бараат во дворот од семејната куќа. Тоа семејство не е од тука, се преселиле овде, па ни се непознати. Не знам како полицијата ги добила овие сознанија или детали од истрагата. Полицијата ги има сите информации и ќе видиме што навистина се случило, дали причината за смртта е неухранетост или нешто друго – рече градоначалникот.
Родителите се приведени.