Познат криминалец и неговите синови направија масакр во кафе бар во Гњилане

Од:

Косовската полиција објави фотографии од татко и двајца синови кои се осомничени за масакр во кафуле во градот Гњилане.

Полицијата ги бара Мефаил Шкодра (52) и неговите синови Едонис (22) и Енгуло (20), кои исто така се осомничени за тројно убиство.

Полицијата во Гњилане бара помош од граѓаните за да ги фати.

– Регионалната полициска управа во Гњилане ги замолува граѓаните и медиумите да ја известат полицијата доколку имаат информации за локацијата на лицето од приложените фотографии – се вели во полициското соопштение објавено на социјалните мрежи.

Денес во кафуле во Гњилан беа убиени три лица. Портпаролот на полицијата, Исмет Хашани, изјави дека на местото на пукањето се убиени две лица, а други две се повредени. Едно од застреланите лица не преживеало, со што бројот на жртви се искачи на три.

Агрон Рукиќи, регионален директор на полицијата во Гњилане, на прес-конференција изјави дека едно лице, кое наводно е роднина на осомничените, е уапсено на местото на пукањето за убиство на три лица.

– Моментално се утврдува дали има некаква врска со овој случај. Полицијата издаде потерница за три лица и е поднесено барање за меѓународна соработка – рече Рукиќи.

Мефаил Шкодра, како што рече Рукиќи, е вмешан во разни кривични дела.

Тој има криминално досие за повеќе од 30 прекршоци – вклучувајќи напад, нарушување на јавниот ред и мир, лихварство, измама, закани, уцени и принуда.

Обвинителот Исуф Садику рече дека е прерано да се коментира мотивот на злосторството.

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец од Канада имал ментални проблеми – тој ѝ бил познат на полицијата

Горан Наумовски

Полицијата сè уште не го откри мотивот за масакрот во Канада, ниту пак е пронајдена порака од напаѓачот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Убиен е обезбедувач од Универзитетот во Анапа кој спречи масакр, во оружениот инцидент има повредени

Масакр над цивили: Убиени се бебиња, деца, жени – лекарите пријавуваат голем злостор во Судан

Масакр на фудбалски стадион во Мексико – убиени се најмалку 11 лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масакр на фудбалски натпревар: Тројца убиени при вооружен упад на теренот

Горан Наумовски