Повредени шест полицајци во Нови Пазар при судир пред Државниот универзитет

Од:

Шестмина припадници на полицијата беа повредени за време на денешниот конфликт со цивили пред Државниот универзитет во Нови Пазар.

Ова го соопшти командирот на Полициската станица во тој град, апелирајќи до групата луѓе да го ослободат просторот пред оваа образовна институција бидејќи тоа е единствениот начин да се смири ситуацијата”.

Полицијата во ниту еден момент не реагираше, а бевме нападнати четирипати, никој не крена рака врз вас. Шест полицајци се во болница”, изјави командирот Нермин Љајиќ.

Во врска со тврдењата на населението дека “криминалци” ги нападнале студентите и ги истерале од објектот на Универзитетот, Љајиќ рече дека секој кој е повреден може да го евидентира нападот.

Полицајците со опрема за контрола на немири се повлекоа кон влезот на Универзитетот, придружувајќи им се на членовите на жандармерискиот одред од Краљево кои се наоѓаат на 50 метри, пренесе Бета.

Граѓаните кои поставија препреки и го оневозможија пристапот на други полициски сили до Државниот универзитет пристигнуваат во близина на Универзитетот.

Би можело да ве интересира

Тепачка и убиство во Нови Пазар, жртвата дошла во овој град на одмор

Горан Наумовски

Протести во Нови Пазар, Крагуевац, Краљево

Вучиќ за инцидентот во Нови Пазар: За народот на Србија, најважно е да го зачуваме мирот и стабилноста

Горан Наумовски

Седумгодишно дете падна од петти кат на зграда во Нови Пазар

А1он

(ВИДЕО) Група студенти во Нови Пазар се обидоа да ги блокираат автобусите кои одат на собир во Белград

А1он