Потрагата по убијците на ММА борецот трае, нивните родители стравуваат од крвна одмазда

Од:

Родителите на Василиј Гачевиќ (23) и Марко Даничиќ (23), кои на 25 февруари го искасапија и убија ММА борецот Стефан Савиќ (23) во Дорчол, се плашат од можна одмазда, пренсуваат српските медиуми. Мајката на бегалецот Гачевиќ му се јавила на таткото на убиенито Стефан, му изразила сочувство и му рекла да се грижи за безбедноста на нејзините две ќерки. Таткото на Стефан примил сочувство и и рекол дека не му паѓа на памет да се одмаздува за смртта на неговиот син.

Добро упатен извор на Информер откри дека мајката на Гачевиќ пред неколку дена контактирала со семејството на убиениот Савиќ.

„Таа му рекла дека и е жал што нејзиниот син направил толку страшно злосторство и истовремено го молела никој да не ги повреди нејзините ќерки за тоа што го направил Василије. Таткото на Стефан мирно го прифатил нејзиното сочувство и и рекол на мајката на Гачевиќ да не се плаши, бидејќи тие не се семејство кое некому би му наштетило. Навистина, таткото на Стефан не ја обвинува мајката на Василиј за злосторството на нејзиниот син“, рекол изворот.

Тој додава дека во делото биле инволвирани повеќе лица и дека полицијата се уште проверува кој го „пикирал“ Стефан кога кобната ноќ влегол во клубот во Дорчол.

„Мотивот за ова брутално убиство датира од пред две години, кога ММА борецот, бранејќи го својот пријател, наводно му ја скршил вилицата на Даничиќ, кој оттогаш е желен за одмазда. Стефан упорно избегнувал натамошен конфликт со Даничиќ и неговиот пријател Гачевиќ , но кобната вечер некој од клубот на Дорчол на овие двајца им кажал дека Стефан бил таму“, рекол изворот и додал:

„Стигнаа до клубот, чекаа Стефан да излезе. Стефан со помирувачки глас им рече: „Не сум подготвен да се борам, еве се предавам“, а тие извадија ножеви и го нападнаа. Го бркаа по улицата, а кога ранетиот Савиќ се потпрел на автомобил на раскрсницата со улицата Дунавска, џелатите продолжиле да го удираат со клоци и со нож. Во еден момент едниот го фатил за раце, а другиот го прободел со нож, додека не го убиле.

Савиќ беше ММА претставник на Србија, а во ноември минатата година освои бронзен медал на светското првенство, што беше негов најголем успех. Тоа требаше да биде само почеток на успешна кариера. По злосторството, убијците отишле во стан во сопственост на мајката на Гачевиќ. Таму се пресоблекле и ја оставиле крвавата облека во станот, а потоа побегнале. Мајката на Гачевиќ подоцна влегла во тој стан, пронашла крвава гардероба и веднаш пријавила во полиција. На убијците и понатаму им се губи секаков траг.

Би можело да ве интересира

Судот донесе одлука: Распишана е потерница за обвинетите за убиство на ММА борец

Горан Наумовски