Поранешниот хрватски министер за здравство Берош ноќта ја мина зад решетки по сослушувањето

Од:

Сега веќе поранешниот хрватски министер за здравство Вили Берош ноќта ја мина зад решетки. Се очекува, по вчерашниот распит во просториите на УСКОК (Канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал), денеска да се одржи судско рочиште.

Берош во петокот вечерта бил донесен на сослушување во УСКОК, пишува порталот Индекс. Лаура Валковиќ, адвокатката на уапсениот и разрешениот хрватски министер за здравство Вили Берош, пред УСКОК изјавила дека нејзиниот клиент е сослушан и се уште негира каква било кривична одговорност, пренесува Јутарњи лист.

– Не можам ништо да ви кажам освен дека тој целосно негираше дека сторил кривично дело, накратко им рече таа на насобраните новинари.

Службениците на хрватската полиција Национална канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал (ПНУСКОК) со налог за претрес вчераутро дошле на адреса на министерот за здравство Вили Берош.

Како што пишуваат хрватските медиуми, освен министерот, на мета на истражителите се и неколку лекари, меѓу кои и директори на некои болници.

Обвинителството на ЕУ соопшти дека против Берош и уште седум други лица покренало акција за злосторничко здружување.

Вили Берош е вториот министер на ХДЗ кој е разрешен по апсењето додека ја извршуваше функцијата министер.

Би можело да ве интересира

Пленковиќ: Никој не добил мандат да работи на црно, ќе има последици

Горан Наумовски

Притворот за Берош е предложен поради можно влијание врз сведоци, адвокатот поднесува жалба

Горан Наумовски

Берош и Поздер завршија во притвор

Хрватскиот екс министер за здравство со лисици заврши пред истражен судија

Горан Наумовски

„Берош обвинет за тргување со влијание, а не за мито“, вели главниот државен обвинител на Хрватска

А1он

Министерот за здравство во Хрватска се сомничи дека зел поткуп од 75.000 евра

А1он