Владата на Република Македонија денеска донесе одлука да испрати финансиска помош од 100.000 евра за Хрватска, која исто како и Србија и Босна и Херцеговина се соочи со големи поплави.
Претходно македонската Влада исто така најави финансиска помош од по 100.000 евра за соседна Србија и за Босна и Херцеговина, кои како и Хрватска, поради дождовите и надојдените реки се соочија со поплави од огромни размери.