Поднесено обвинение за убиството на Данка Илиќ

Од:

Вишото јавно обвинителство Заечар поднесе обвинителен акт против Дејан Драгијевиќ од село Злот и Срѓан Јанковиќ од село Лука, кои се осомничени за убиството на Данка Илиќ, двегодишното девојче од Бор, јавуваат српските медиуми. Обвинителниот акт е доставен на одлучување до Вишиот суд во Зајечар.

Обвинението е покренато и против обвинетиот Радослав Драгијевиќ, татко на Дејан Драгијевиќ, за непријавување на делото и пружање помош на сторителот по извршувањето на делото.Обвинителството даде предлог за продолжување на притворот на обвинетите Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ од страна на Вишиот суд во Заечар.

Полицијата од куќите на Драгијевиќ и Јанковиќ одзеде работи за кои постои сомневање дека биле користени при убиството, а потоа и за криењето на телото на девојчето. Земени се гардероба, чевли, тепих, алат, ладно оружје, моторна пила, секира, два ножа за касапење свињи, но досега на ниту еден од анализираните предмети не се пронајдени ДНК траги од Данка Илиќ.

Според нашите сознанија, на моторната пила не биле пронајдени ниту човечки ниту животински биолошки траги, додека на ножевите биле пронајдени само траги од животинска крв. Но, на секирата биле пронајдени траги од крвта на две лица – осомничен и негов роднина.

Кога станува збор за крвта која била пронајдена на панталоните на еден од уапсените, наводно се работи за неговата крв, како и крвта која била пронајдена во службениот автомобил.

Резултатот од вештачењето на 26 март, според неофицијални информации, покажа дека осомничените се движеле со возило до куќата, односно плевната во која била Данка со нејзиниот брат и мајка.

Драгијевиќ на првото рочиште во ВЈТ во Заечар изјави дека бил на совозачкото седиште во службеното возило „фиат панда“, додека зад воланот бил неговиот колега Срѓан Јанковиќ. Призна дека Јанковиќ со својот автомобил соборил девојче кое било само на патот, а потоа ја ставил на задното седиште од возилото и ја задавил со голи раце.

За разлика од Драгијевиќ, Јанковиќ се бранеше молчејќи на распитот по апсењето, а потоа на почетокот на јуни реши дека сака да зборува. Тој целосно негираше дека има врска со исчезнувањето и убиството на девојчето од Бор.

Сепак, Драгијевиќ потоа негираше дека го убиле и скриле девојчето.

Радослав Драгијевиќ (73) е осомничен дека му помогнал на синот Дејан да го премести телото на двегодишната Данка. Тој од самиот почеток се бранеше со молчење, а по излегувањето од притвор рече дека нема што да каже.

Со Радослав беше уапсен неговиот син Далибор, кој само еден ден подоцна почина во просториите на полициската управа Бор.Тој, наводно, пред својата смрт признал дека му помогнал на својот брат да го премести делото на Данка.

Недолго по погребот на Далибор, почина мајката на браќата Драгијевиќ и сопругата на Радослав Драгијевиќ, Светлана Драгијевиќ, на чиј погреб Дејан и Радослав присуствуваа во придружба на полицијата.

Би можело да ве интересира

Не учествувал во убиството и никогаш не ја видел Данка – прозборе еден од осмничените за убиството на девојчето

Еден од осомничените за убиството на Данка денеска го прекинува молкот

Еден од осомничените за убиството на Данка го прекинува молкот

Осомничените за убиството на Данка биле пресметливи, резултати од вештачењето

Братот на осомничениот за убиството на малата Данка Илиќ починал од насилна смрт, бил претепан

Предраг Петровиќ

Потрагата по телото на Данка продолжува, полициска патрола кон селото Сумраковац

А1он