Почина 21-годишник, падна низ отвор за лифт

Од:

Утрово околу 10:30 часот се случи несреќа во српскиот град Нови Пазар во која животот го загуби 21-годишник, јавуваат српските медиуми.

Според првичните информации, младиот човек бил работник на градилиштето на зграда.

Несреќата се случила при изведување работи кога младиот човек од засега непознати причини, паднал од височина.

Како што пренесува „Информер“, тој паднал низ отворот за лифтот на зградата во изградба.

На местото на настанот веднаш пристигнале екипи на итната помош, но лекарите можеле само да констатираат смрт на работникот.

Полицијата набрзо пристигнала на местото на несреќата и започнала увид, додека работите на градилиштето биле прекинати.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Група студенти во Нови Пазар се обидоа да ги блокираат автобусите кои одат на собир во Белград

А1он

Пожар во Нови Пазар, гори ресторанот „Титаник“

Студенска блокада на Државниот универзитет во Нови Пазар

Малолетник прободен со нож на сред улица – расправија прерасна во тепачка

А1он

(ВИДЕО) Дачиќ: Убиениот вахабист Рамовиќ пукаше на полицијата, одби да се предаде

Катерина Ѓуровски

Уапсен вахабист во Нови Пазар: Претепал маж во ресторан