Пленковиќ го разреши хрватскиот министер за здравство Вили Берош

Од:

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ го разреши актуелниот министер за здравство Вили Берош, соопштија од хрватската Влада.

Според информациите, премиерот Пленковиќ ја назначил државната секретарка д-р Ирена Хрстиќ да раководи со Министерството за здравство до изборот на нов министер.

Хрватските медиуми претходно објавија дека утринава во полициска акција биле уапсени министерот за здравство Берош и уште еден лекар осомничени за кривично дело корупција.

Според неофицијални информации, уапсен е и директорот на Клиниката за неврохирургија. Станува збор за финансиски малверзации со набавка на микроскопи.

Би можело да ве интересира

Пленковиќ: Нема да одиме на инаугурација

А1он

Пленковиќ: ХДЗ не е задоволна од резултатот од првиот круг на изборите

А1он

Владата на Пленковиќ го преживеа гласањето за доверба

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

Мицкоски – Пленковиќ: Толку отстапки се направени од Македонија што ретко кој народ и држава би прифатила да направи толку исчекори за членство во Европската унија

Мицкоски во прва официјална посета на Хрватска, пречекан од Андреј Пленковиќ