Пијан возач уби 75 годишник, со „бмв“ удри во „југо“

Од:

Во тешка сообраќајна несреќа во близина на српскиот град Топола, 75-годишен маж го загуби животот додека неговата сопруга (72) се здоби со полесни повреди.

Трагедијата се случи кога возач на бмв“, С.С.(36), најверојатно пијан и дрогиран, со голема брзина удрил во автомобил југо“ во кој биле сопружниците.

– Возачот на бмв“ ја изгубил контролата врз возилото и директно се судрил со југото“. Несреќниот старец починал на самото место, додека неговата сопруга била пренесена во болница, каде што била згрижена и за среќа нејзиниот живот не бил загрозен – потврди српската полиција.

Осомничениот возач е приведен, а против него ќе биде поднесена кривична пријава за предизвикување тешка сообраќајна несреќа со смртоносен исход, како и за возење под дејство на алкохол и психоактивни супстанци.

Би можело да ве интересира

Кошаркарскиот тренер Антонио Савески е возачот кој загина во несреќата на патот Охрид-Кичево

A1on

Сообраќајка во Србија – има загинати, возило комплетно изгоре

А1он

Загинаа двајца полицајци и пет момчиња во тешка сообраќајка во Англија

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Свети Николе – повреден е мотоциклист

А1он

19-годишна девојка загина во сообраќајка кај Струмица

Сообраќајка на магистралата Гостивар – Кичево, повредени три деца и жена