Претседателката на Косово, Вјоса Османи, денес објави дека одредила датум за предвремени парламентарни избори, откако потпишала указ за распуштање на Собранието.
Датумот што го одреди за предвремени парламентарни избори е 28 декември, објавува „Косово онлајн“.
Таа рече дека бидејќи нема политичка волја, распуштањето на Собранието е единственото решение.
„Датумите 21 и 28 декември се датуми што можат да се одредат во согласност со Уставот. Осум партии се изјаснија за 28 декември, пет партии за 21 декември и три партии за кој било датум. Јас проценив дека 28 декември останува единствениот можен датум, иако дури и тој датум ќе претставува предизвик за ЦИК“, рече Османи.
