Обвинетите за убиството на малата Данка остануваат зад решетки

Од:

Обвинетите за убиството на малата Данка Илиќ ќе останат во притвор до понатамошно известување, одлучи Апелациониот суд во Ниш и покрај жалбите на двајца адвокати кои бараа нивните клиенти Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ да бидат ослободени.

Двајцата обвинети седум месеци се во притвор во Окружниот затвор во Зајечар. Во меѓувреме беа сослушани сведоците, направени се сите анализи, двајцата дадоа исказ, вишото јавно обвинителство поднесе обвинителен акт.

Двајцата обвинети побараа од своите адвокати да покренат барање за ослободување од притвор.

Жалбите до Апелациониот суд се засноваат на закон.

– Основата за барање притвор за мојот клиент е тоа што тој не влијае на сведоците. За овој случај обвинителниот акт е поднесен и едноставно нема повеќе сведоци. И по истекот на овој притвор до 30 дена, повторно ќе побарам од Апелација мојот клиент да биде ослободен од притвор – изјавил за српските медоиуми Живадин Богдановиќ, кој го застапува Срѓан Јанковиќ.

Би можело да ве интересира

Ивана Илиќ повторно оди на испрашување: Нека направат се, само нека откријат каде ми е Данка

А1он

Апелациониот суд во Ниш по втор пат го отфрли обвинението против наводните убијци на Данка Илиќ

Горан Наумовски

Судот го потврди обвинението против наводните убијци на малата Данка

Осомничените за убиството на Данка Илиќ можат да бидат ослободени за два дена

Потврдено e обвинението за убиството на Данка Илиќ: Три имиња на списокот

Горан Наумовски

Поднесено обвинение за убиството на Данка Илиќ