Нов силен земјотрес во Грција

Од:

Земјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 7.18 часот во Егејското Море, Грција.

Земјотресот е регистриран на 30 километри од Мирина на островот Лемнос.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓа во областа со географски координати на географска ширина 40.1094 и географска должина 24.8924.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 11 километри под површината на земјата.

Во моментов нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван во западните и југозападните делови на Републикава, епицентарот во Грција

Земјотрес со јачина од 5,3 степени ја погоди Грција

Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес од 4,8 степени по Рихтер во близина на грчките острови Закинтос и Кефалонија

А1он

Регистриран е уште еден силен земјотрес во Грција – 4,2 степени по Рихтер

А1он

Силен земјотрес во близина на Хиландар