Милановиќ: Неправедно е да се каже дека Украина е поблиску до членство во ЕУ отколку Црна Гора или С. Македонија

Од:

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денес во Загреб по средбата со бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека е неправедно да се каже дека Украина е поблиску до членство во Европската Унија отколку некои од земјите од Западен Балкан, како што се Црна Гора и С. Македонија.

Не мислам така, се чини сè поверојатно дека цинизмот и грубоста на одредени европски структури нема да престанат. Украина е земја во војна, без јасно дефинирана територија која не е способна сама да се финансира. Да се каже дека е поблиску до членство во ЕУ отколку Црна Гора и Северна Македонија е навреда за тие земји. Тоа е пред сè неправедно и нехумано“, одговори Милановиќ на новинарско прашање за мислењето на многумина во Европа дека е поверојатно Украина да стане членка на ЕУ пред земјите од југоисточна Европа.

Тој потсети на строгите критериуми што Хрватска мораше да ги исполни за да се приклучи на ЕУ, а кои Полска, Чешка или Унгарија не мораа да ги исполнат, објави прес-службата на хрватскиот претседател во соопштението.

Тоа е факт. Дали сме лути или огорчени поради тоа? Воопшто не. Тоа беше реалноста тогаш“, додаде Милановиќ.

Тој рече дека е свесен дека некои од земјите од Западен Балкан, доколку влезат во ЕУ, ќе влезат помалку подготвени отколку што беше Хрватска.

Но, тоа не е случај со Украина, а кој и да го каже тоа и да се преправа дека не го гледа, не ѝ прави добро на Украина. На таа земја треба да ѝ се помогне да преживее“, заклучи хрватскиот претседател.

На прашањето за односот меѓу С. Македонија и Бугарија, кој ѝ стои на патот кон ЕУ поради бугарската блокада, Милановиќ рече дека тоа е внатрешно прашање меѓу двете земји и, како што рече, пред неколку години застанал на страната на Македонија.

Помина многу време, владите се сменија и сега мислам дека тие мора да го решат тоа заеднички. Бугарија е во ЕУ, Македонија не е и повеќе нема да се ставам во ситуација да ми е жал за некого затоа што не може да влезе во ЕУ, затоа што има живот надвор од ЕУ“, нагласи хрватскиот претседател.

Тој оцени дека прашањето е што сака С. Македонија и додаде дека ако не сака да попушти (на Бугарија), нема да пропадне ако не се приклучи на ЕУ“.

Би можело да ве интересира

Милановиќ контра Орбан: ЕУ не се распаѓа

А1он

Зоран Милановиќ: Лидерите во Европа не се дораснати на задачата

А1он

Милановиќ: Можеме да го забраниме извозот на оружје од Европа во Израел – зошто тоа не се случува?

А1он

Милановиќ: Да не живееме од долгови без да мислиме како ќе ги вратиме – во минус сме, а без европските пари сме во дупка

А1он

Милановиќ: Никој нема да стане членка на ЕУ, освен можеби Црна Гора

А1он

Зоран Милановиќ: Нема повеќе да бидам кандидат за претседател

А1он