Малолетник убил другар со воздушна пушка: Не се знае како оружјето стигнало до детето

Од:

Малолетник (15) е убиен синоќа во Брчко. Неофицијално, момчето е застрелано од врсник при несовесна употреба на воздушна пушка.

Докторката Јасна Брадоњиќ од итната медицинска помош на округот Брчко на БиХ потврди дека добиле повик во кој се вели дека момчето било погодено при невнимателно користење на воздушна пушка, пренесува Српскаинфо.

– Екипата за медицинска помош излезе на терен и несреќното момче го пренесе во болница, каде дежурниот хирург ја констатирал смртта на малолетното дете – изјави Брадоњиќ.

Обвинителството на округот Брчко на БиХ соопшти дека на телото на 15-годишникот е нареди обдукција за да се утврдат причините за смртта.

За добиената пријава и нејзината содржина е известен дежурниот обвинител на Окружното обвинителство, под чиј надзор се преземаат потребните мерки и дејствија, соопшти полицијата.

Би можело да ве интересира

Маж од Кисела Вода со воздушна пушка пукал во мачката на соседот

Со воздушна пушка му го убил кучето на соседот