Милорад Улемек Легија (56), осуден на 40 години за убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ, побара од судот да биде условно пуштен на слобода.
Покрај него условно ослободување побара и Бранко Берчек, поранешен член на „црвените беретки“, што го потврди и нивниот адвокат Александар Ковачевиќ.
– Во име на Милорад Улемек и Бранко Берчек, поднесов барање за условно ослободување од издржување затворска казна до Вишиот суд во Белград. Осудениот Улемек одлежа повеќе од 20 години, додека Берчек ја одлежува казната повеќе од 21 година, со што го исполни законскиот услов да одлежи повеќе од половина од казната и се стекна со право на условна слобода – изјави денеска за Информер адвокатот на Легија, Александар Ковачевиќ.