Кривични пријави против компанијата „Горење“ и нејзиниот директор

Од:

Словенечката Регулаторна агенција за пазарни вредности (АТВП) денеска потврди дека до Државното обвинителство на Словенија поднело кривични пријави против едма правно и едно физичко лице, поради сомнеж за злоупотреба на интерни информнации.

Словенечките медиуми објавија дека пријави се поднесени против компанијата „Горење“ и нејизниот директор Фрањо Бобинац.

Пријавите, според истите извори, се поднесени откако пред еден месец Бобинац на средба зад затворени врати со словенечкиот премиер Миро Церар го информирал дека јапонската корпорација „Панасоник“, која е сопственик на 13 проценти од акциите на „Горење“, го следи работењето на словенечката компанија за производство на бела техника, со цел да го зголеми сопственичкиот удел во неа.

Би можело да ве интересира

Словенија: Отказите во Горење ќе предизвикаат социјална катастрофа

А1он