Актерот Никола Којо рече дека дошол на протестот „Србија против насилството“ затоа што е против насилството во секоја смисла што се случува повеќе од 30 години, особено откако „дотичниот господин е на власт“. Тој посочи дека доаѓањето на протестот не е прашање на пари, туку дека овде е во прашање радоста и дека е убеден дека тоа се причините поради кои доаѓале луѓето.
„Овој човек успеа да ја украде радоста со неговиот мрак што се шири околу него и неговата интересна група. Украде пари и можеби ќе одговара за тоа, но ја украде радоста“, изјави актерот за N1.
Запрашан за денешната изјава на претседателот Александар Вучиќ дека актерите не треба да зборуваат за диктаторскиот режим во Србија, бидејќи доколку режимот беше диктаторски немаше да имаат можност ни да заработат пари, Којо рече дека таа изјава не ја слушнал бидејќи бил само денеска на сет.
„Ние сме акционери, тоа е државна компанија, а државата сме ние, а не тој“, истакна актерот.
Запрашан за вчерашната средба на СНС, вели дека поделеноста во општеството се намалува и дека тоа се гледа во бегањето на луѓето од вчерашниот собир. Тој додава дека овие луѓе се свесни дека така ги заработуваат своите две илјади динари.
„Жал ми е што не се вразумуваат и не размислуваат кој ги платил кога таа сметка ќе им дојде во раце. Лично, тоа е или од даноци или од задолжување“, рече Којо.