Во неколку хрватски градови денеска е организирана јавна прослава на роденденот на воениот злосторник Анте Готовина, а во неговото родно Пакоштани одржана е миса на која католичките верници молеа за здравје за својот „херој“.
Мисата во неговото родно место беше посветена на 57. роденден на Анте Готовина, за чие здравје католичките верници се молеа и оваа година.
Јавни собири беа организирани во Загреб и Задар, додека посебно жестоко беше во Книн. Граѓаните на Книн се собраа на градскиот плоштад пред споменикот „Победа Олуја 95“ а роденденот на Готовина го одбележаа со запалување на 57 факели.
Готовина со судската пресуда која сеуште не е правосилна, доби 24. години затвор поради злосторства над Србите во акцијата „Олуја“.