Министерот за внатрешни работи на Србија и вицепремиер – Ивица Дачиќ денеска е исклучлен од респиратор, дознава српски „Телеграф“.
Министерот за здравство на Србија – Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа пред нас, мерките за интензивно лекување и примена на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар.
Во среда вечерта, министерот Дачиќ беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот центар на Србија поради тешка пневмонија.
