Хрватското обвинителство со детали за смртта на младиот војник Јаков Бочкај

Од:

„На 16.04.2023 година во Жупаниското државно обвинителство во Славонски Брод е извршен прв распит на државјанин на Република Хрватска (2002 година) поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело со тешки телесни повреди од кои настанала смрт од чл.120. од Кривичниот законик/11 во врска со член 119 ст.1 од КЗ/11.

Постои основано сомнение дека осмничениот дваесетгодишник на 15.04.2023 година околу 02.15 часот на паркингот кај Трг Свето Тројство во Пожега, по кратка расправија со државјанин на Република Хрватска (2001 година), со цел да му нанесе тешки телесни повреди му задал неколку силни удари во пределот на главата и телото, од кои се здобил со повреди од тешка природа кои довеле до загрозување на неговиот живот, а на 16.04.2023 година тој починал во Општата жупаниска болница во Пожега од здобиените повреди.

Истражниот судија на Жупанискиот суд во Славонски Брод го прифати предлогот на државното обвинителство и на 20-годишниот осомничен му изрече мерка притвор по член 123 ст.1 т.2 од КЗ/08 во траење од еден месец. Државното обвинителство издаде наредба за обдукција на мртвото тело на жртвата и ќе донесе решение за спроведување истражна постапка против обвинетиот“, соопштија од ДОРХ.

Иистражниот судија на Жупанискиот суд во Славонски Брод, Славен Видмар, вчера му одреди едномесечен притвор на 20-годишниот М.К., кој до смрт го претепа 21-годишниот припадник на хрватската армија Јаков Бочкај во сабота во Пожега.

„Постои основано сомнение дека обвинетиот сторил кривично дело особено тешка телесна повреда со смртни последици. Причината за определување мерка притвор е можноста за штетно влијание врз сведоците“, изјави судијата Видмар, заменик претседател на Жупанискиот суд во Славонски Брод, по затвореното истражно рочиште.

Војникот и неговиот пријател биле надвор заедно пред бруталниот напад

Заменик началникот на полицијата во Пожега, Далибор Бауер синоќа изјави дека претепаниот до смрт 21-годишниот Х.В. Јаков Бочкај и 20-годишниот напаѓач се познавале и биле заедно надвор, по што дошло до вербална расправија, а потоа и физички напад кој резултирал со смрт на војникот.

„Факт е дека сторителот и жртвата се познавале и заедно биле излезени. Кога заедно пристигнале до возилото, настанала вербална расправија, по што следел физички напад врз жртвата“, изјави заменик началникот на Пожега.

Осомничен М.К. во саботата околу 02:15 часот на паркингот кај Трг Свето Тројство во Пожега, по кратка расправија, физички го нападнал 21-годишниот млад човек, припадник на хрватската армија. За време на редовна патрола, полицијата на теренот на плоштадот во центарот на Пожега наишла на жртвата и неколку граѓани околу неа, рече Бауер.

„Таму бил и убиецот, но во тој момент полицијата немала информација кој е сторителот“, додаде Бауер и со тоа ја потврди информацијата што се појави вчера, според која напаѓачот останал на паркингот и се правел дека не знае што се случувало па дури се понудил да и помогне на полицијата. Откако полицијата ги прегледала снимките од надзорните камери, М.К. беше уапсен неколку часа подоцна.

Би можело да ве интересира

Ја уби мајка му и уште пет лица: Пред еден месец држел пиштол на познаник во устата

Убиецот од Сисак не и бил познат на полицијата, а пиштол му бил одземен пред 20 години

Крај на драмата во Сисак: Уапсен е убиецот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Во Загреб е убиен Томислав Саблјо, водач на криминалниот клан во Хрватска

Предраг Петровиќ