Хоспитализиран Фетула Ѓулен

Од:

Исламскиот проповедник Фетула Ѓулен од САД итно бил пренесен во болница, јави турскиот весник „Џумхуриет“ повикувајќи се на хаштагот #Herkul-Nagme на Твитер, за кој се верува дека припаѓа на движењето на Ѓулен, наречено ФЕТО.

Ѓулен бил хоспитализиран поради проблеми со срцето, информира весникот.

Властите во Анкара го обвинуваат 81-годишниот Ѓулен и неговото движење ФЕТО за организатор на обидот за државен удар на 15 јули 2016 година, кој имаше за цел да го собори претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Фетула Ѓулен и други негови соработници беа осудени од турскиот суд во отсуство на доживотен затвор. Анкара долго време бара Вашингтон да го предаде Фетула Ѓулен, кој живее во државата Пенсилванија, како и неговите соработници, но засега дипломатските напори остануваат безуспешни.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Почина Фетулах Ѓулен, најголемиот непријател на Ердоган

А1он

Турција очекува Македонија да и предаде 86 лица поврзани со Фетулах Ѓулен

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Турските власти го уапсија внукот на Фетулах Ѓулен

Забележано зголемено полициско присуство пред домот на Фетулах Ѓулен во САД