Ѓорѓе Давид пристигна во Србија. Популарниот рокер пред повеќе од една недела доживеа сообраќајна несреќа во Македонија кога со својот автомобил удри во жена која се движела по автопат, која потоа починала.
Според достапните информации, до несреќата дошло по судирот на два автомобила, „фолксваген поло“ со кумановски регистрации и „фолксваген голф“ со скопски регистарски таблички. По тој судир следел уште еден кога автомобил „опел инсигнија“ со српски регистарски таблички налетал на жена која излегла од едно од возилата. Од ударот, жената се здобила тешки повреди, од кои почина.
– Вистина е дека сум тука. Но, не би рекол ништо повеќе, утре е конференцијата – рече тој.