Фон дер Лајен: Сметаме на Србија да покаже посветеност на напредокот на патот кон ЕУ

Од:

Претседателката на Европската Kомисија, Урсула фон дер Лајен, денеска по разговорот во Прага со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека ЕУ смета на Србија да ја покаже својата посветеност за напредок на избраниот пат кон Унијата.

„Имаме план за раст и договор за одржливи суровини. Народот на Србија ќе има директна корист од ова“, напиша Фон дер Лајен на платформата X, по средбата со Вучиќ на маргините на форумот ГЛОБСЕК во Прага.

Таа напиша дека Брисел смета на Србија „да ја покаже својата посветеност за напредок на патот што го избра, патот кон ЕУ“.

По разговорот со Фон дер Лајен, претседателот Вучиќ изјави дека разговарале за ситуацијата во регионот, европскиот пат на Србија, реализацијата на проектите предвидени во Европскиот план за раст за Западен Балкан, како и за севкупните односи меѓу Србија и ЕУ.

– И се заблагодарив на претседателката на Европската Комисија за нејзиното разбирање и лична посветеност кога станува збор за напредокот на Србија и на целиот Западен Балкан на патот кон ЕУ, особено во областите на забрзување на социјалната и економската интеграција, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Би можело да ве интересира

Проширувањето на ЕУ останува клучен приоритет на ЕК и Фон дер Лајен, вели Подеста

Фон дер Лајен: Се надевам сите партии ќе ги поддржат уставните промени бидејќи се работи за вашата иднина

(ВИДЕО) Фон дер Лајен: Се стремиме да го отвориме првиот кластерот оваа година

Фон дер Лајен пречекана од Ковачевски пред Владата со највисоки државни почести

Фон дер Лајен: Мора да му се суди на Путин за злосторствата во Украина

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Цените на бензинот сега се пониски отколку пред руската инвазија