Фајон: Русија би можела да започне војна против земјите од НАТО

Од:

Словенија ја дели загриженоста на некои политичари и експерти дека Русија би можела да започне војна против земјите од НАТО доколку помошта за Украина не е доволна, изјави вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон.

– Ја споделувам загриженоста на земјите дека руската агресија во Украина може да се прошири и во соседните земји. Затоа правиме се што е можно за да обезбедиме мир – вели таа во интервју за Укринформ.

Фајон рече дека учествувала на седниците на Генералното собрание и на Советот за безбедност на ОН за да покаже поддршка за Украина.

– Пред две години бевме шокирани што соседна земја може да ја нападне Украина, да прибегне кон таква брутална агресија – рече Фајон и порача дека „мора да вложиме максимални напори за да најдеме политичко решение за војната“.

Таа нагласи дека Словенија ја поддржува украинската мировна формула и сите мировни иницијативи кои се во согласност со меѓународното право и со Повелбата на ОН.

– Верувам и дека ни треба поширока меѓународна поддршка, особено од Глобалниот југ – додаде таа.

На 23 февруари, Советот за безбедност на ОН одржа отворена дебата на министерско ниво, посветена на втората годишнина од целосната војна на Русија против Украина.

Би можело да ве интересира

Фајон: Неопходно е итно да се стави крај на војната во Газа

Фајон: Уставните измени се одговорност кон граѓаните и се неопходни државата да оди напред

Фајон: Без Уставен суд ќе бидат доведени во прашање и претседателските избори во Црна Гора