Ердоган: Заврши ерата на оружје, насилство и терор

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека ерата на оружје, насилство и терор е завршена.

Тој говореше на регионалниот конгрес на неговата владејачка Партија на правдата и развојот во северниот град Самсун.

„Од сега сите мора да ја прифатат оваа вистина – ерата на оружје, насилство и терор заврши. Сепаратистичките убијци или ќе го закопаат оружјето што е можно поскоро или ќе бидат закопани со своето оружје. Нема трет пат“, нагласи турскиот лидер.

Според него, „сепаратистичко-терористичката организација дојде до крајот на својот живот“.

Турција како таква терористичка организација ја дефинира Курдската работничка партија (ПКК), како и нејзините здружени формации во Сирија.

„Нагласувам дека во нашиот регион нема повеќе простор за терор во иднината на нашата земја или нашиот регион“, рече Ердоган.

Би можело да ве интересира

Ердоган му порача на Путин: Договорот меѓу Турција и Русија е клучен за мирот во регионот

А1он

Ердоган: Опозицијата ќе одговара за саботажата насочена кон турската економија

Горан Наумовски

Ердоган: Членовите на ЦХП дадоа информации и докази против Имамоглу

Турската полиција приведе 55 лица во Истанбул, го навредија Ердоган

А1он

Ердоган: Изразувам сочувство за загинатите во Кочани

А1он

Турција го блокира пристапот до социјалните мрежи по апсењето на градоначалникот на Истанбул

А1он